28/02/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Силно невреме во Велес

По силниот пороен дожд и невреме што во саботата, 20.06.2010 го зафати Велес, улиците во градот беа покриени со земја, кал и шут. Денеска, на 21.06.2010, работни тимови на РЕ Комунална хигиена и РЕ Паркови и зеленило во текот на целиот ден работеа на чистење на најфреквентните улици, рачно и со механизација, а по отстранувањето на наносите од дождот, вечерва овие улици ќе бидат и измиени.

Вработените од ЈКП Дервен ќе работат со полн капацитет на расчистување на градските улици и во текот на наредните денови.

Copyright © All rights reserved ЈКП Дервен -.општина Велес | Newsphere by AF themes.