Соопштение за јавност – Одбележување на 5 Јуни, Светскиот ден на животната средина
Општина Велес се приклучува во одбележувањето на 5ти Јуни – Светскиот ден на животната средина со организирање на следните настани:
- На 4ти јуни (петок) со почеток во 11.00 часот ќе се пушти во употреба новоизграденото езерце и новата зелена површина во Градскиот парк;
- На 5ти јуни (сабота) со почеток во 08.30 часот ќе се спроведе акција за чистење на јавните површини од отпад на потегот Стар мост – поранешен хотел Вила Зора.
Зборно место на учесниците во саботната акцијата е 08.30 часот на Паркинг Пармак.
Општина Велес ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат активно учество во настаните кои ќе се одржат. Нашата најдобра гаранција за иднината ќе биде нашето залагање и ангажирање за заштита на природата и за нејзино безбедно оставање во наследство на идните поколенија.
ОПШТИНА ВЕЛЕС