Известување 22.04.2010

Ги известуваме жителите на ул. Петре Алчев дека реконструкцијата на водоводна линија по оваа улица што започна денеска во 9:00 часот е завршена и водоснабдувањето е повторно нормализирано.

Ги известуваме жителите на ул. Маршал Тито, Коле Дрнков и Димче Мирчев дека отклонет е дефектот на водоводна линија на ул. Маршал Тито поради што во текот на денешниот ден беше прекинато водоснабдувањето по овие три улици.

Се извинуваме за непријатноста.