IceSlideShow
image2

Од каде ја добиваме водата за пиење?
Снабдувачот на сурова вода ХС Лисиче е претпријатие одговорно за одржување на браната на р. Тополка и складирањето на нетретираната вода. Потоа, водата се зафаќа од страна на ЈКП Дервен, кое врши третман на суровата вода и обезбедува вода за пиење за граѓаните од општина Велес.
ЈКП Дервен се одговорни за обезбедување, функционирање и одржување на резервоарите за вода и големата мрежа составена од водоводни цевки поставена подземја на подрачјето на целиот град.

IceSlideShow
image4

Постројка за третман на вода – Како таа работи?
Како суровата вода се прочистува во постројката за третман на водата?
1. Примарна дезинфекција и оксидација
Во суровата вода се става озон (оксидација) и хлор што служат за уништување на микроорганизмите, бактериите и останатите вируси што можеби се присутни во водата
IceSlideShow
image3

Процедување
Пред да влезе во постројката за третман на вода, суровата вода мине низ метални решетки кои служат да ги задржат покрупните живи организми, гранчиња, лисја и отпадоци, но дозволуваат водата да помине низ нив.
Потоа, суровата вода се транспортира низ цевковод долг 19,5км до постројката за третман на водата.
IceSlideShow
image1

Обраќање на Директорот
Веќе повеќе од 50 години имаме чест да бидете корисници на нашите комунални услуги. Ја користам оваа можност во мое и во име на сите вработени во ЈКП Дервен да ви се заблагодарам за покажаната доверба и да посакам успешна соработка и во иднина. Наша цел е во годините што доаѓаат комуналните услуги да продолжат да се осовременуваат, а како резултат квалитетот на живот за граѓаните на Велес ќе биде подобар.