Јавни претпријатија можат да се основаат заради вршење на дејности од јавен интерес.
Во извршувањето на дејностите од јавен интерес,треба да се почитуваат следниве принципи: сигурност
во давањето на услугите, континуитет и квалитет на услугата, транспарентност, достапност и универзална
услуга, заштита на корисниците и потрошувачите.
Јавните претпријатија и друштвата кои вршат дејност од јавен интерес подлежат на правилата на конкуренција, освен во случаите кога примената на тие правила би го спречило вршењето на услугите од
јавен интерес.
Јавните претпријатија и друштвата кои вршат дејност од јавен интерес имаат еднаков третман во вршењето на услугите од јавен интерес, освен ако поради посебен интерес не им се доделат ексклузивни или посебни права.
повеќе за законот за Јавни Претпријатија може да прочитате на следниот линк :Закон за јавните претпријатија (редакциски пречистен текст)