Висината на цените за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и комерцијалниот отпад од мали правни субјекти се пресметува за м2 покриен простор и м2 дворна површина и изнесуваат:
- физички лица/ покриен простор 1,50 ден/м2
- физички лица/ дворна површина 0,20 ден/м2
- правни лица/ покриен простор 3,50 ден/м2
- правни лица/ дворна површина 0,50 ден/м2
Висината на ценита за собирање и транспортирање на комуналниот отпад со важност од 01.03.2023 год. ќе изнесуваат:
- физички лица/ покриен простор 3,00 ден/м2
- физички лица/ дворна површина 0,40 ден/м2
- правни лица/ покриен простор 8,75 ден/м2
- правни лица/ дворна површина 1,25 ден/м2
Услугата за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и комерцијалниот отпад од мали правни субјекти се врши од страна на ЈКП Дервен два пати неделно.
Одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и индустриски неопасниот отпад на територијата на Општина Велес од 29.10.2010 година и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и индустриски неопасниот отпад на територијата на Општина Велес од 29.03.2018 година со подетални информации околу условите за обезбедување на овие услуги можете да ги погледнете овде:
Одлука за цени за собирање на отпад од 29.10.2010 год. која ќе се применува од 1.12.2010 год.
Одлука за изменување на одлуката за собирање на отпад од 29.03.2018 год. која ќе се применува од 01.05.2018
Одлука за изменување на одлуката за собирање на отпад од 23.02.2023 год. која ќе се применува од 01.03.2023 год.