Овој сектор се бави со преработка на суровата вода од хидросистемот Лисиче и дистрибуција на произведената вода во градската водоводна мрежа и го одржува комплетниот водоводен и канализационен систем во градот, при штосе грижи за непрекинато и квалитетно водоснабдување на корисниците и одржување во исправна состојба на фекалната канализациона мрежа заедно со објектите на неа.
За извршување на овие активности, Секторот Водовод е организиран во соодветни Одделенија и Оддели :
I.1 Одделение Фабрика за вода;
I.2 Одделение за Дистрибуција и одвод, кое се состои од следните оддели:
I.2.1 Оддел Одржување;
I.2.2 Оддел Канализација;
I.2.3 Оддел Приклучоци;
I.2.4 Оддел Баждарница;
I.3 Одделение за Одржување на пумпни станици и резервоари.
Овој сектор има за цел услугите да ги извршува со што повисок степен на квалитет и со најефикасна употреба на постоечките ресурси, на време но детектирање и елиминирање на сите не контролирани истекувања на вода од водоснабдителниот систем со цел намалување на загубите на вода, перманентно следење на квалитетот на суровата и преработената вода и оспособување на водоснабдителниот систем за прифат и дистрибуција на вода до сите реони во градот преку редовно одржување на постоечките водоводни линии.
ЈКП Дервен освен што обезбедува вода за пиење за градот Велес, исто така стопанисува и со следните рурални водоснабдителни системи:
– водоснабдителните системи за сателитската населба кај езеро Младост, с.Новачани, с, Горно Оризари, с. Чалошево и с. Отовица, кои се дел од водоснабдителниот систем на градот.
– посебни водоснабдителни системи во с.Караслари, Индустриска зонас.Караслари, с.Црквино, с.Мамутчево, с.Сливник, с. Иванковци и с.Сујаклари.
Раководител на Сектор Водовод и канализација – Родна Јанева