Одделението Пазари при ЈКП „Дервен” – Велес врши управување и одржување на пазарите на мало во град Велес на следните локации:

  • Градски пазар, и
  • Пазар во Нова населба.

Одделението Пазари својата работна ангажираност ја остварува преку обезбедувањена услуги спрема корисниците на пазарите, за што располага со соодветен продажен простор и опрема.

Ова Одделение во целост ја почитува Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување во Општина Велес. Секојдневно по завршувањето на продажбата во пазарен или не пазарен ден се врши комплетно чистење на пазарите и опремата, и најмалку еднаш неделно се врши детално миење на пазарите и опремата (освен во зимскиот период).

За продажба на храна од животинско потекло на нашите пазари (како сирење,јајца и сл.) во целост се исполнуваат условите од Правилникот за санитарно хигиенските услови за продажба на ваков вид на храна.

Грижата за хигиената, опремата и основните средства на пазарите спаѓа во секојдневните обврски на вработените во ова одделение. Во топлите месеци се врши перење напазарите најмалку 4 пати месечно , но и по потреба (на пр. после дождови или слично).

Раководител на Одделение Пазари – Ване Маневски