Одделението за планирање, инвестиции и развој функционира како техничко, административно и извршно одделение. Во ова одделение има два извршни оддела:
– Оддел за градежништво и
– Оддел за машинобраварски работи
Работните активности на Одделението за планирање, инвестиции и развој се насочени кон соработка и координација на работите и потребите во секторите и одделенијата на претпријатието и извршува работи по налог на општината.
Техничко-административниот дел на одделението работи на изготвување на проекти,изработува хидротехнички услови и издава мислења за одобрение за градба, технички решенија за одржување на објектите и опремата на претпријатието и за потребите на општината по претходен налог. Изработува и имплементира проекти, техничка документација и инвестициони предвидувања за осовременување и развој на претпријатието во однос на изградба на потребни инфраструктурни и административни објекти како и примена на современа машинска, електро,информатичка и друга опрема, со што би се подобриле услугите што ги врши претпријатието кон корисниците,односно ги врши следните работи:
Одделот за градежништво работи за потребите на секторите и за одржување на објектите со кои управува претпријатието, поставување на урбана опрема и сообраќајни знаци.
Одделот за машинобраварски работи врши редовни поправки на контејнери за отпад, тезги за продажба, возила, приколки од возила, машини,огради на објекти, капаци за водоводни и канализациони шахти и др.
Раководител на Одделение за Планирање, инвестиции и развој – Родна Јанева