ЈКП Дервен има мисија да обезбедува квалитетен и континуиран комунален сервис за граѓаните, со големо внимание кон заштитата на животната средина. За да ја оствари својата мисија во целост, неопходно е:
– постојано да се следат и идентификуваат барањата на постојните и потенцијалните корисници на нашите услуги.
– брзо и ефикасно да се реагира на промените во поглед на организирање на човечкиот потенцијал и воведување на модерни техничко-технолошки решенија.
– навремено и ефикасно да се ангажира движечката сила на претпријатието – вработените.
– максимално да се применува политиката за квалитет.