Главна цел на ЈКП Дервен Велес, Сектор Водовод и канализација е обезбедување на квалитетна и континуирана водна услуга – снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води на корисниците од Општина Велес, како и водење грижа за корисниците преку постојано следење и индификување на нивните потреби.

            Како резултат на анализите и следење на потребите на корисниците, во прилог е листата на Водоводни и канализациони линии. Листата е составена од водоводни и канализациони линии кои треба да се реконструираат и лоцирани нови водоводни и канализациони линии. Планираните реконструкции се предвидени првенствено врз основа на податоците за чести дефекти, застареност, цевководи изработени од азбестцемент и врз основа на Барања од граѓани за реконструкција на застарени водоводни линии.

Тригодишен план за реконструкција и изградба на водоводни и канализациони линии

(2019 – 2021) год. линк: