Управниот одбор е орган на управување на претпријатието кој го именува односно разрешува Советот на Општина Велес, од редот на афирмирани и познати стручни лица од областа на работењето на ЈКП Дервен , имајќи ја во предвид соодветната и правична застапеност на припадниците на сите заедници.
Бројот и составот на членовите на Управниот одбор го утврдува Советот на Општина Велес со Решение за именување. Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 години.
Управниот одбор има претседател кој се избира од редот на членовите а исто така и заменик претседател кој се избира исто од редот на членовите. претседателот на Управниот одбор ги свикува седниците, се грижи за извршување на актите  на Управниот одбор  и врши и други работи утврдени со Деловникот за работа на Управниот одбор.

Членови на Управен одбор на ЈКП ДЕРВЕН – Велес

  • Александар Каракачанов- Претседател
  • Маја Демерџиева -Зам. Претседател
  • Билјана Ангелова-член
  • Димче Крстовски-член

Надомест зачленовите на Управен Одбор месечно изнесува :

Претседател – 7000 ден.

Членови – 6000 ден.