Основните задачи на овој Сектор се следните:
- Собирање и транспортирање на комунален и индустриски неопасен отпад од индивидуалните корисници и правните лица;
- Депонирање на комуналниот и индустриски неопасен отпад на градската депонија;
- Одржување на градската депонија согласно стандардите за зачувување на животната средина;
- Чистење на јавно прометни површини (метење и миење);
- Чистење на атмосферски канали и шахти;
- Управување со Градските гробишта.
За извршување на горенаведените активности, овој Сектор е организиран во соодветни Одделенија:
- Одделение за Износ на смет, кое е составено од следните оддели:
- Оддел Автомеханичарска работилница
- Оддел Депонија
- Оддел за Складирање и третман на отпад
- Одделение Јавна хигиена, и
- Одделение Гробишта.
Овој сектор се грижи за редовно собирање, транспортирање и депонирање наотпадот од индивидуалните станбени површини и претпријатија, согласно утврден Оперативен план – по реони и денови за изнесување на сметот, одржување на двете општински депонии: градската депонија за комунален и индустриски неопасен отпад и депонијата за градежен отпад и шут,собирање хартија и картонод правни субјекти по претходно утврдена рута,собирање отпад од пакување (картон, пет амбалажа,лименки и слично) од домаќинствата, метење и миење на јавно прометните површини во градот(улици,тротоари,паркинзи, скалила и сл.), чистење на крајбрежја, одржување на споменици и спомен обележја, одржување на површини за одбележување на програмски активности од областа на културата, чистење на снег и мраз во зимски услови, одржување на санитарни јазли и вонредно одржување на јавни прометни површини, како и чистење на патеките на градските гробишта однеорганизирано зеленило и комунален отпад.
Раководител на Сектор Комунална хигиена – Ване Велиновски