МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРИСТАПОТ ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Слободен пристап до информации од јавен карактер имаат сите правни и физички лица, без разлика дали се домашни, или странски. Пристапот до информациите од јавен карактер се врши по пат на поднесување усно, писмено, или барање во електронска и друга форма до имателот на информацијата. За писменото барање одлучува имателот на информацијата. По барањето за слободен пристап до информација од јавен карактер постапува службеното лице определено од имателот на инфомацијата. Барањето, како образец, го утврдува Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, а го пополнува барателот на информацијата.
Барателот го доставува барањето до имателот на информацијата на македонски јазик, со кирилично писмо, а барателот кој зборува службен јазик различен од македонскиот и писмо барањето може да го достави и на службениот јазик и писмо што го употребува во согласност со закон. Барателот, по поднесеното барање, има право на пристап до информацијата со која располага имателот на посакуваниот начин: со увид во информацијата, со нејзин препис, нејзино фотокопирање, со нејзин електронски запис, или на друг начин наведен во барањето. Имателот на информацијата подготвува и пополнува посебен образец на службена белешка со кој потврдува дека го примил барањето од барателот на информацијата, како и дека наплатил надоместок во одредена висина. Образецот се изготвува во два идентични примерока, од кои едниот му се дава на барателот, а другиот останува кај имателот на информацијата.
Барателот на информацијата не е должен да ги образложува причините поради кои му треба бараната информација, туку само наведува дека станува збор за побарана информација од јавен карактер. Имателот на информацијата нема право тоа да го бара од барателот и, во случај да е пропуштено дека станува збор за барана информација одјавен карактер, треба да се примени Законот за пристап до информации од јавен карактер, доколку според предметот на барањето се заклучува дека се работи за слободен пристап до информации. Имателот на информацијата може, со писмен заклучок, даконстатира дека барањето е повлечено, доколку барателот се откаже одбарањето, или во случај да поднесол нецелосно барање од кое не може да сеутврди каква информација бара барателот, а барателот не го дополнилбарањето и по укажувањето од страна на службеното лице. Имателот на информацијата, со решение, го отфрла барањето кое нее целосно и по дополнувањето.
Имателот на информацијата е должен да изготви службена белешка за неговото постапување по усното, писменото, или барањето во електронска форма на барателот на информацијата, односно по усниот, или писмениот приговор на барателот на информацијата, во која ќе бидат внесени податоци за барателот, датумот на прием на барањето, како и потпис на службеното лице кое постапувало по барањето, или приговорот на барателот на информацијата. Службената белешка се изготвува во два идентични примерока, од кои едниот останува кај имателот, а другиот му се дава на барателот на информацијата. Службената белешка служи при изготвување на годишниот извештај за сите евидентирани барања, кој имателот го доставува до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. За сите прашања за постапката по усното, писменото, или барањето во електронска форма, освен на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.
РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ПО БАРАЊЕТО ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Веднаш по поднесеното барање, или најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето во која било форма, имателот наинформацијата е должен да одговори. Кога се работи за позитивен одговор имателот изготвува записник, аза негативен, или делумен одговор по поднесеното барање имателотизготвува писмено решение кое му го доставува на барателот. Имателот на информацијата може да:
– бара надополнување на барањето, доколку тоа не ги содржи сите елементи наведени во образецот;
– да го одбие барањето, доколку барателот не го извршил надополнувањето на барањето дури и по укажаната помош од страна на имателот на информацијата;
– да го препрати барањето во рок од 10 дена од неговиот прием доколку не располага со бараната информација. Препраќањето се врши до вистинскиот имател на информацијата и за тоа се известува барателот.
Рокот за одговор по барањето за пристап до информацијата на имателот може да му биде продолжен за уште 10 дена само во случај кога бараниот документ е обемен, или ако имателот овозможува делумен пристап до информацијата, па му треба подолго време за негова обработка, односноотстранување на деловите кои не се информации од јавен карактер, илипоточно се заштитени со степен на тајност според Законот за класифицираниинформации. Имателот е должен за продолжувањето на рокот да го известибарателот, но, ако тоа не го стори три дена пред истекот на првобитниот рок,барателот на информацијата, во рок од осум дена, има право да поднесежалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап доинформациите од јавен карактер.
Право на правна заштита барателот на информацијата има и во случајкога имателот премолчено не одговорил во рок од 30 дена од поднесенотобарање. Имено, молкот на имателот на информацијата се подразбира какоодбивање на барањето на барателот на информацијата. Барателот, во рок од 15 дена по добиеното решение дека неговотобарање е одбиено од страна на имателот на информацијата, има право даподнесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап доинформациите од јавен карактер. Комисијата решава по жалбата во наредните 15 дена, спроведувајќиги одредбите од Законот за општа управна постапка. Против решението наКомисијата може да се поднесе тужба за поведување управен спор.
ЖАЛБЕНА ПОСТАПКА ПО ОДБИЕНОТО БАРАЊЕ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Доколку имателот на информациите не постапил во согласност со член 20 став 4; член 24 став 4 и член 26 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, барателот на информацијата има право на жалба. Жалбата се поднесува до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, преку имателите на информации. Жалбата на барателот треба да содржи: до кого е упатена; назив, име, адреса, телефон, фах, е-маил на барателот кој ја доставува жалбата; назив, име, адреса, телефон, фах, е-маил на имателот на информацијата; број на решение, датум и место на кој имателот го доставил до незадоволната странка – барателот; датум и место на поднесување на жалбата; потпис на барателот.
За недоследно спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информацијата ќе биде казнет и тоа :
– Со парична казна од 30.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок, одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој ќе одбие да даде информација, да одбие или одобри пристап до информација согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер или пак предизвика штета на страната на барателот со некоја од погоренаведените постапки. Казна следува и доколку не се води евиденција за информациите од јавен карактер од страна на имателот на информацијата, како и доколку не обезбеди соодветни простории за увид во информациите од јавен карактер или пак одбие да му укаже помош на барателот при барањето на потребната информација.
– Неизготвувањето на годишен извештај за давањето на инфромации од јавен карактер во институцијата, попречувањето на жалбената постапка, незапазувањето на роковите е исто така казниво и тоа со суми од 20.000 до 50.000 денари.
Од одговорност се ослободува вработен во државната администрација кој на барателот ќе му даде заштитена информација која е од значење за откривање на злоупотреба на службена положба, односно за откривање корупција, како и во случаи кога со дадената информација се спречуваат сериозни закани по здравјето на луѓето или по животната средина.
извор: pravdiko.mk