ДИРЕКТОР: Горанчо Наунчев

Дипломиран Инжинер технолог од базно-неорганско инжинерство при Технолошко-металуршкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје. Зборува одлично англиски јазик. Поседува основни компјутерски вештини. Има учествувано во неколку меѓународни проекти. Во текот на своето долгогодишно работно искуство има работено во повеќе државни и приватни компании, се до почетокот на 2022 година, кога доаѓа на позицијата Директор на Јавното комунално претпријатие Дервен – Велес. Главниот фокус во неговата работа е подобрувањето на квалитетот на живот на нашите сограѓани, преку стратешко планирање за обезбедување на сигурни и квалитетни комунални услуги, сега и во иднина.  

Податоци за контакт:

и-меил: goran.nauncev@jkp-derven.com.mk

моб. тел. 078 302 402

Помошник директор за економски и правни прашања: Васил Николов

Помошник директор за технички прашања: Елена Димова

Организациона поставеност на претпријатието
Организационата поставеност на претпријатието согласно Статутот на претпријатието овозможува процесот на работа да биде организиран на ниво на сектори со свои одделенија и оддели и заеднички служби со одделенија, кои функционално се надополнуваат во своите дејности.
– Сектор Водовод и канализација
– Сектор Комунална хигиена
– Сектор Паркови и зеленило
– Сектор Заеднички служби
– Одделение Пазари
– Одделение за Планирање, инвестиции и развој

– Одделение за ревизија

ОРГАНОГРАМ НА ЈКП ДЕРВЕН – ВЕЛЕС