Надзорен Одбор

  • Надзорниот одбор е задолжен за контрола на материјално-финансиското работење на Претпријатието. Членовите на Надзорниот одбор ги именува односно разрешува Советот на Општина Велес со Решение за именување.
  • За член на Надзорниот одбор се именува лице со високо образование кое поседува знаење и искуство особено од дејноста на финансиското и сметководственото работење.
  • Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4 години и истите може да присуствуваат на седница на Управниот одбор.
  • Надзорниот одбор има Претседател кој се избира од редот на членовите.
  • Надзорниот одбор задолжително се состанува најмалку 4 пати годишно.
  • За резултатите од извршената контрола Надзорниот одбор писмено го известува Управниот одбор, Советот на Општина Велес и Министерството за финансии.

  •  Членови на Надзорниот одбор се:

  • Маријан Габеров
  • Михајло Вчков
  • Благој Цилаков
  • Александар Шутев
  • Стефан Кимовски