Главни активности на ЈКП ДЕРВЕН
Јавното комунално претпријатие ДЕРВЕН – Велес е основано за вршење комунални дејности како дејности од јавен интерес на Општината Велес.
Согласно основачкиот акт и Статутот на претпријатието, главни активности на ЈКП Дервен се:
– Преработка на вода, дистрибуција на истата до корисниците и одржување на објектите и опремата од системот за водоснабдување.
– Прифаќање и одведување на фекалната вода и одржување на канализационата мрежа.
– Собирање, изнесување и депонирање на комунален и индустриски цврст отпад од станбени, деловни и индустриски објекти во сопственост на физички и правни лица.
– Чистење на јавни прометни површини.
– Управување со градските гробишта.
– Одржување на градската депонија.
– Одржување на депонијата за градежен шут.
– Уредување, одржување и подигнување на градско зеленило.
– Организирање на пазари на мало.
– Инженерство, техничко советување и изградба на објекти од нискоградба.