Врз основа на член 19 и член 29 од Законот за јавни претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република С. Македонија“ бр. 275/19), како и врз основа на претходно донесениот Статут од 01.12.2006 година, Пречистениот текст на Статутот бр.01-393/2 од 01.06.2016 година, Статутарната Одлука за измена и дополнување на Сатутот со бр.02-942/2 од 10.05.2022 година и Решението за давање на согласност на Статутарната Одлука донесено од Совет на Општина Велес со бр.25-2933/22 од 17.06.2022 година,

С Т А Т У Т
НА ЈАВНОТО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ
ДЕРВЕН – ВЕЛЕС

(Пречистен текст)
I.Општи одредби
Член 1
Со овој Статут поблиску се утврдуваат организацијата, управувањето и
раководењето со претпријатието, дејноста, општите акти и постапката за нивно
донесување и измена, како и други прашања од значење за претпријатието.
Член 2
Општината Велес е оснoвач на јавното претпријатие, и ги има сите права и
обврски кои произлегуваат од Законот и другите прописи.
Член 3
Јавното комунално претпријатие ДЕРВЕН – Велес (во понатамошниот текст
Претпријатие) е основано за вршење комунални дејности како дејности од јавен
интерес на Општината Велес.
Член 4
Претпријатието има својство на правно лице.
Во правниот промет со трети лица истапува во свое име и за своја сметка во
рамките на дејноста која е запишана во надлежниот регистар.
За обврските спрема трети лица превземени во свое име и за своја сметка,.
Претпријатието одговара со сиот свој имот.

Управниот одбор на  Јавното комунално претпријатие  ДЕРВЕН од Велес го утврди следниот статут за претпријатието, кој што може да го погледнете како прилог овде: