Секторот Паркови и зеленило е организиран во соодветни одделенија:

– Одделение за одржување на зеленило и постапување со деградирани дрвја

– Одделение за подигнување на парковски површини и изработка на парковски елементи

Основни дејности на овој Сектор се :

– Уредување и одржување на зеленилото на парковските површини;

– Уредување и одржување на зеленилото на скверовите во централното градско подрачје ;

– Уредување и одржување на зеленилото на скверовите во споредни улици;

– Одржување на зеленилото на влезовите во град Велес;

– Одржување и заштита на дрворедите по парковите и главните улици во градот;

– Уредување, озеленување и одржување на жардињерите низ градот;

– Уредување и одржување на цветните површини во градот;

– Поставување и одржување на системи за наводнување на зелените површини;

– Подигнување на нови зелени површини и обновување на постоечките;

– Изработка и поставување на парковски елементи на парковските површини.

Секторот Паркови и зеленило – своите активности ги насочува воглавно кон извршувањена работните задачи согласно “Програмата за уредување и одржување на градското зеленило на територијата на Општина Велес“и “Програмата за реконструкција и подигнување на нови зелени површини на територијата на Општина Велес“, кои ги изготвува Општина Велес и ги усвојува Советот на Општина Велес.Овој сектор се бави со планирање, проектирање, пресметка и изготвување идејни решенија за подигнување на нови и реконструкција на постоечки зелени површини со комплетна реорганизацијана просторот и реализација на истите. Изработува и парковски елементи кои ги поставува воновите зелени површини, а се грижи и за нивна реконструкција. Секторот Паркови и зеленило врши редовно одржување на јавните зелените површини предвидени со Програмата за редовно уредување и одржување,  ги реализира сите вонредниактивности по налог на Општината и соодветно постапува по издадени решенија за постапувањесо деградирани дрвја.

Раководител на Сектор Паркови и зеленило – Татјана Петровска