Одделението за ревизија ги врши работите кои се однесуваат на:
- проценка на усогласеност на работењето на субјектот во согласност со законите, подзаконските, интерните акти и договори.
- темелна проценка на функционирањето на системот за внатрешна контрола.
- оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на раководителот на субјектот за намалување на факторите за ризик.
- проверка на точноста, комплетноста и законитоста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи на субјектот.
- проценка на економичноста, ефикасноста и ефективноста на работењето и користењето на средствата во дефинирана област на активности или програми на субјектот.
- темелна проценка на работењето на информативно-технолошките системи.
- проценка на соодветноста, економичноста, ефективноста и ефикасноста на системот за финансиско управување и контрола за утврдување, проценка и управување со ризиците.
- давање препораки за подобрување на работењето и работните процедури на субјектот, изготвување и донесување на стратешки и годишен план за внатрешна ревизија врз основа на објективна проценка на ризик, извршување на поединечни внатрешни ревизии согласно со усвоените ревизорски планови и следење на нивното спроведување.
- изготвување на извештаи од извршените ревизии.
- следење на спроведувањето на мерките преземени од раководителот на субјектот од јавниот сектор врз основа на препораките дадени во ревизорските извештаи.
- изготвување на упатство за работа и повелба за внатрешна ревизија; информирање на раководителот на субјектот за постоење на конфликт на интереси при извршување на ревизорската задача.
- известување до раководителот на субјектот и лицето задолжено за неправилности или сомнежи за измами или корупција, кои можат да резултираат со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка.
- изготвување на годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија.
- изготвување на план за обука на внатрешните ревизори и следење на нивната имплементација, и
- други работи од областа на внатрешната ревизија.
Советник/ Внатрешен ревизор – Марјанчо Николов