14/05/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Акција за чистење – „Генералка викенд“

1 min read

Во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и „Пакомак“ Скопје, на 07. 08. и 09. мај ќе се одржи акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД во повеќе општини во државата.

Организаторот има цел за секои 10 килограми собран отпад да биде засадено по едно дрво и да се формира шума што ќе расте секоја година со секоја ГЕНЕРАЛКА.

Делегацијата на Европска Унија годинава се вклучува во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД со нивната иницијатива „За чисто како дома исто“.

Општина Велес се приклучува на акцијата со организирање на следните активности:

БР.НАСТАН / АКТИВНОСТЛОКАЦИЈАВКЛУЧЕНИДАТУМ
1Акција за собирањена габаритен отпадОпштина ВелесЈКП „Дервен”5 (среда),6 (четврток) и 7 (петок) мај
2Акција за собирањена селектиран отпадОЈУДГ „Димче Мирчев”ОЈУДГ „Димче Мирчев”6 (четврток) и 7 (петок) мај
3Акција за собирањена селектиран отпадОпштински основни училишта и ПОУ „Маца Овчарова”ООУ и ПОУ „Маца Овчарова”7 (петок) мај
4Граѓанска акција за чистењена јавни површиниод отпад  Шумски појас кон Сопот  Вработени во Општина Велес,ЈКП „Дервен”, граѓански организации и граѓани 8 (сабота) мај
5Акција за чистење на река Вардар од отпадoстровче во река Вардар / Градски паркЗГ „Македонски спасител” и ЕГ „Грин Пауер“8 (сабота) мај
6Видео обраќање од Градоначалниккон младите/Градоначалник на Општина Велес и млади од НВО од Велес9 (недела) мај

Централен дел на акцијата е “Чистење на шумскиот појас кон с.Сопот” која ќе се одржи на 8. мај (сабота) со почеток во 09.00 часот, во непосредна близина на велосипедската патека кон Сопот – дел од проектот „СМАРТ Езеро Младост“.

Општина Велес обезбеди организиран превоз.

Автобусите ќе тргнуваат:

– во 08.15 часот на автобуска постојка спроти „ПАН ТАКСИ”;

– во 08.30 часот на ул. „Гоце Делчев” спроти Основен суд.

Зборно место за учесниците кои ќе дојдат со сопствен превоз е раскрсницата кон с. Новачани и с. Сопот, во 09.00 часот.

Носењето маска и држењето дистанца се задолжителни.

Бројот на места во автобусите ќе биде ограничен согласно протоколите за заштита од КОВИД-19.

Општина Велес ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат активно учество со придружување до акцијата или со чистење на нивната непосредна околина.

Вашата акција можете да ја пријавите на: opve@veles.gov.mk

Copyright © All rights reserved ЈКП ДЕРВЕН - ВЕЛЕС 1400 | Newsphere by AF themes.