26/09/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Апел до посетителите на Младинскиот парк – не фрлајте отпадоци насекаде!

Откако пред една седмица фонтаната во Младинскиот парк беше последен пат исчистена од страна на ЈКП Дервен, денеска (24.06.2019) е преполна со отпадоци што несовесни посетители на паркот ги фрлаат во неа наместо во корпите за отпадоци.

Апелираме до посетителите на Младинскиот парк отпадоците да ги фрлаат во корпите за отпадоци а не насекаде по паркот, со цел ова место кое е атрактивно за посета и релаксација, особено за нашите најмлади, да остане чисто и незагадено.

Однапред благодариме.

Copyright © All rights reserved ЈКП ДЕРВЕН - ВЕЛЕС 1400 | Newsphere by AF themes.