Започнува асфалтирање на оштетувањата на улиците каде имаше поправка на дефекти на водоводни линии.
Денеска (02.04.2019) се работи на асфалтирање на оштетувања на ул. Благој Ѓорев на повеќе локации: спроти магацинот на ЈКП Дервен, спроти Офицерскиот дом и на патот кон Филтерната станица.
Овие активности ќе продолжат и во наредните денови.