Делење на канти за отпад – н. Порцеланка
Денеска (10.04.2019) се делат канти во зелена и жолта боја за комунален отпад, наменети за домаќинствата во н. Порцеланка.
Набавката на кантите за отпад е согласно Програмата за управување со отпад за 2019 година, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Велес.
Зелените канти се наменети за отпад од домаќинствата што не може да се рециклира, додека жолтите канти се за рециклирање на отпад (пластика, картон, лименки и сл.)
ЈКП Дервен и Општина Велес апелираат до граѓаните да ги користат кантите согласно нивната намена и да се изнесуваат два часа пред утврденото време на собирање на отпадот.