По налог на Општина Велес, започна есенското садење на листопадни и зимзелени високорастечки садници на повеќе локации во градот. Оваа есен планирано е засадување на околу 400 дрвја по јавните зелени површини, а садниците се обезбедени од страна на Општина Велес.
За почеток на оваа акција, дрвја се садат во новоформираниот парк кај комплекс згради „Узус“ и долж ул. Индустриска.