Известување за вчерашното невреме (11.09.2017)
Синоќешното невреме што го зафати Велес, проследено со силен дожд и град, донесе големи наноси на земја на неколку улици во градот, при што наносите на ул. Вера Циривири и споевите на ул. Благој Ѓорев со ул.Љубљанска и ул. Благој Ѓорев со ул.Васил Ѓоргов беа толку големи што спомнатите улици беа непроодни. Од синоќа работни екипи на ЈКП Дервен, рачно и со помош на механизација се на терен и работат на отстранување на земјата од градските улици. Непроодни улици веќе нема, а сеуште се работи на повеќе локации: ул. Димитар Влахов, Архиепископ Михаил, Петре Прличко, Димко Најдов, 8 Септември, Индустриска и др. Досега се собрани околу 40м3 земја, но оваа количина не е конечна затоа што ќе се работи на расчистување на улиците и во наредните денови. Само од ул. Вера Циривири, каде се расчистува со механизација, очекуваме да се соберат околу 80 м3 земја.