ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОЛЕТНА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД
Почитувани сограѓани,
Поради кризната состојба предизвикана од вирусот Ковид-19, Пролетната акција за собирање на габаритен отпад ќе се спроведе исклучително во периодот од 6 Мај до 8 Мај 2021 година.
Ја имате можноста потребата за собирање на габаритниот отпад од вашите домови да ја пријавите во ЈКП „Дервен”, најдоцна до 5 Мај 2021 година (среда), секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот, на следните телефонски броеви:
– тел. 043/233-768,
– моб. 075/206-845, 076/274-000 (од 07:00 до 11:00 часот),
– моб. 075/303-168 (од 11:00 до 15:00 часот).
Под габаритен отпад се подразбира:
- Мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи;
- Санитарии: кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалетни школки, славини за вода, огледала;
- Градинарска опрема: огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи;
- Друг габаритен отпад: ролетни, тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа.
Габаритниот отпад не го изнесувајте на јавни површини и не го оставајте до контејнерите за отпад пред да се обратите до ЈКП „Дервен”, туку прво закажете термин за собирање. Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна.
Ви благодариме за соработката!
Со почит,
Општина Велес и ЈКП „Дервен”