Поради неопходни работни активности за пуштање во употреба на реконструираната водоводна линија на ул. Методија Андонов Ченто, ги известуваме граѓаните дека на 06.09.2017 година (среда) ќе има неколкучасовен прекин на водоснабдувањето, од 8.00 часот па се до завршување на работите, на ул. Методија Андонов Ченто, Борис Трајковски, Крсте Мисирков, Панко Брашнар, АСНОМ и ул. Христо Узунов.
