Известување 17.07.2018
Ги известуваме граѓаните дека од 17.07.2018 (вторник) со почеток од 9 часот ќе се започне со ископ на улица Киро Ќучук од раскрсница со улица Белградска до раскрсница со улица Петре Милевски, а за изведување на реконструкција на водоводната линија на овој потег, поради што сообраќајот на овој дел од улицата ќе биде во застој. Работните активности се планирани да се изведат во рок од најмногу 5 работни дена, а можеби и пократко, во зависност од времетраењето потребно за приклучување на корисниците и монтажата на водоводната линија.