ИЗВЕСТУВАЊЕ 19.03.2020
ЈКП Дервен – Велес, поради состојбата со Корона вирусот (КОВИД-19) во државата, Ви соопштува дека во овој период, се додека се во важност препораките и забраните на Владата и Министерството за здравство, а кои се однесуваат на спречување на ширење на Корона вирусот, вработените од ЈКП Дервен кои се задолжени за читање на водомерите нема да влегуваат во објектите во кои водомерите се поставени внатре во простории, за нивна, но и за заштита на самите граѓани.
Се молат граѓаните на Општина Велес редовно да ги плаќаат сметките за комунални услуги, за да може претпријатието непречено да го снабдува населението со вода за пиење, да собира смет и чисти јавни површини, да одржува зеленило и да ги извршува останатите работни активности од интерес за граѓаните.
Граѓаните сметките за комунални услуги може да ги плаќаат и електронски, на официјалната интернет страница на ЈКП Дервен: https://derven.mk/
Се молат граѓаните на Општина Велес, (доколку сакаат истото можат да го направат и оние граѓани чии водомери се наоѓаат надвор од објектите, а не сакаат вработените од ЈКП Дервен да влегуваат во нивните дворови) сами да ја прочитаат состојбата на своите водомери и да известат за истата во ЈКП Дервен на телефонскиот број: 043/231-011, локал 134 и локал 135, од 8.00 до 12.00 часот секој работен ден.
Однапред Ви благодариме.