Известување 29.08.2018
Поради застареност на водоводната линија на ул. Методија Андонов Ченто, поточно зачестена појава на дефекти на линијата, од утре (30.08) ЈКП Дервен ќе започне да работи на замена на целата дотрајана водоводна линија со нова.
Ги молиме жителите на овој реон за трпение затоа што работните активности ќе потраат неколку дена, но истите се неопходни за да се реши проблемот со честите дефекти и да се обезбеди континуирано водоснабдување.