ДОМА / ИЗВЕСТУВАЊА / ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

Во согласност со препораките од Министерството за здравство, Ве известуваме дека од денес, 12 Mарт 2020 година (четврток), Управната зграда на ЈКП Дервен (на влез во Градскиот парк) ќе биде затворена за странки во времетраење од 14 дена.

Сите граѓани кои имаат потреба од услугите на службите при ЈКП Дервен во наведениот временски период може да остварат контакт со нас по електронски пат:

– На и-меил адресата на ЈКП Дервен info@derven.mk

– На официјалната интернет страница на ЈКП Дервен https://derven.mk/

– Facebook профил: https://www.facebook.com/jkpderven/

– На телефонскиот број 043 231 011


Доколку барањата (поднесоци, акти, списи, договори, решенија и сл. од нотари, адвокати и други институции) се неодложни, истите може да се остават на влез во управната зграда на ЈКП Дервен.

Со почит,

ЈКП Дервен – Велес

Адреса: Вардарска бр. 18, 1400 Велес
☎ Телефон (централа): 043 231 011

Исто така, проверете

Прекин на водоснабдувањето на ул. Белградска

Поради извршување на завршни работи околу реконструкцијата на водоводната линија на ул. Белградска, утре (15.10.2019 …