Набавка на градежна машина – ровокопач
ЈКП Дервен, денеска (12.04.2019), за потребите на Секторот Водовод при интервенција на водоводни линии, набави градежна машина – мал ровокопач, марка YANMAR SV26, во вредност од 2.185.500,00 денари (без ДДВ). Набавката е извршена со сопствени средства на претпријатието.
Очекуваме употребата на оваа градежна машина да допринесе за поефективно и побрзо извршување на работните активности на службата Водовод.