Наскоро читање на водомерите со мобилни уреди
Денеска (26.06.2019 година) беше одржана обука за инкасаторите од ЈКП Дервен за користење на новата софтверска апликација за електронско читање на водомери преку мобилни уреди.
По обуката ќе следи период на тестирање на софтверската апликација од околу месец дена, по што ќе се започне со примена на овој метод на читање водомерите на терен.
Апликацијата освен што нуди внес на податоци од отчитаниот водомер, исто така овозможува внесување на забелешки и фотографии со цел да се идентификува реалната состојба на водомерите и пристапноста до нив за инкасаторот да може да ги прочита.