Несовесни граѓани го оштетуваат цевоводот Лисиче- Велес за наводнување на своите ниви
Го упатуваме овој апел до нашите сограѓани поради тоа што често се случува несовесни лица, поведени од целта бесплатно да ја искористат водата од цевоводот од браната Лисиче до град Велес за наводнување на сопствените земјоделски површини и напојување на стоката, да вршат криминални дејствија, односно оштетуваат елементи на цевоводот (испусни вентили, делови од испусници и воздушни вентили), и со тоа предизвикуваат неконтролирани истекувања на вода.
Поведени од сопствен интерес нанесуваат огромна штета како на претпријатието ЈКП Дервен, така и на земјоделските површини во непосредна близина на оштетувањата на цевоводот, бидејќи, истекувањето на водата од оштетениот цевковод не може да се контролира па предизвикува поплави на нивите кои се наоѓаат до самото оштетување, како што може да се види и во приложената видео снимка.
Апелираме за поголема свест кај сопствениците на земјоделски површини и потсетуваме дека манипулацијата со водоводните инсталации претставува незаконско дејствие и е казниво со закон.