Отпочнат проектот „Претпријатие на иднината“
Изминатава седмица Јавното комунално претпријатие Дервен од Велес се вброи меѓу 15-те претпријатија за водоснабдување во Западен Балкан кои учествуваат во Проектот за Западен Балкан „Претпријатие на иднината“, поддржан од Светска банка и SECO, а чија крајна цел е обезбедување модерни, ефикасни и водни услуги фокусирани на потребите на граѓаните.
Во текот на првата седмица од започнувањето на проектот, со поддршка од страна на консултанти обезбедени од страна на Светска банка и SECO, беа дефинирани приоритетните краткорочни активности што претпријатието треба да ги оствари во текот на стодневниот акциски план, по што би следел петгодишен план за реализација на долгорочните цели.
Областите во кои претпријатието одлучи да превземе мерки и активности за подобрување на квалитетот на услугите што ги нуди, при истовремено намалување на трошоците за производство и дистрибуција на вода за пиење и одведување на отпадни води, се: дефинирање и имплементација на стратегии за зголемување на енергетската ефикасност на производните процеси во претпријатието, продолжување на трендот на намалување на загубите на вода и обезбедување понатамошна поддршка од страна на Локалната самоуправа во управувањето и одржувањето на водоводната и канализациона инфраструктура со која управува претпријатието.
![]()