Подготовка за поставување јавни чешми во новиот парк кај училиштето Коле Неделковски

Денеска (24.04.2019), во соработка со Општина Велес, Секторот Водовод работи на поставување на водоводни и одводни цевки за јавни чешми за новиот парк што се формира во дворното место на училиштето Коле Неделковски.