Препорака до граѓаните: заштитете ги водомерите од ниските температури!
Поради најавата за многу студено време во текот на наредните денови, им препрачуваме на граѓаните кои досега не ги заштитиле своите водомери од замрзнување истото да го сторат, така што ќе ја завиткаат водомерната инсталација со дебела ткаенина и ќе ги затворат вентилите на чешмите во дворовите.
Во случај да им замрзне водоводната инсталација, граѓаните треба да внимаваат кога ги одмрзнуваат цевките користејќи грејни тела – тоа да го прават внимателно и на одредена оддалеченост од инсталацијата, и во никој случај да не користат директен пламен врз цевките или водомерот, затоа што може да предзвикаат оштетување, особено ако цевката е пластична.