30/07/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Препорака до граѓаните: заштитете ги водомерите од ниските температури!

На самиот почеток од зимата, препорака до граѓаните кои досега не ги заштитиле своите водомери од замрзнување е истото да го сторат, така што ќе ја завиткаат водомерната инсталација со дебела ткаенина и ќе ги затворат вентилите на чешмите во дворовите.

Во случај да им замрзне водоводната инсталација, граѓаните треба да внимаваат кога ги одмрзнуваат цевките користејќи грејни тела – тоа да го прават внимателно и на одредена оддалеченост од инсталацијата, и во никој случај да не користат директен пламен врз цевките или водомерот, затоа што може да предзвикаат оштетување, особено ако цевката е пластична.

Copyright © All rights reserved ЈКП ДЕРВЕН - ВЕЛЕС 1400 | Newsphere by AF themes.