Пријавете габаритен отпад – ЈКП Дервен бесплатно ќе го подигне од Вашите домови
Би сакале да ги потсетиме граѓаните дека во тек е акцијата за собирање на габаритен отпад од домаќинствата, во соработка со Општина Велес, која претставува бесплатна услуга за граѓаните. Потребно е само да пријавите во ЈКП Дервен (на телефонскиот број: 043/233-768, секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот) дека имате габаритен отпад за собирање. Акцијата ќе трае до 30 Април оваа година.
Искористете ја можноста да се ослободите од сиот отпад во домаќинствата кој е премногу габаритен за да го изнесете за редовно собирање на смет (мебел, душеци, кујнски елементи, санитарии, градинарска опрема и друг вид на габаритен отпад).
Ве очекуваме.