УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ -2019
Успешно се спроведе акцијата за чистење на животната средина, во која учество зедоа вработени од јавните институции во градот, а која денеска, 14.12.2019 година се спроведува во сите општини во земјава. Се чистеше отпад и смет фрлен на јавни површини од страна на несовесни граѓани. Притоа беа собрани 80м3 отпад, и истиот беше транспортиран на градската депонија.
Акцијата се спроведе на четири локации: Излезот од Велес кон Башино село, околината на Агенцијата за вработување на потегот до објектите на поранешните установи Пензионерски дом и училиштето ЈХК „Џинот“, улицата „Meтодија Андонов-Ченто“, со косината на надвозникот „Битолска пруга“ и пешачката патека на ул. „8 Март“ и паркот до зградата ХИВ, со брегот на Вардар и улиците „Благој Нечев“ и „Трајко Панов“.
Апелираме до граѓаните за повисока еколошка свест со цел почиста и поздрава животна околина. Однапред благодариме.