Известување 04.10.2010
Ги известуваме граѓаните на Велес дека од 06.10.2020 година (среда), а во времетраење од три седмици ЈКП Дервен ќе врши реконструкција на застарена водоводна линија на ул. Љубен Весов на потегот од пресекот со ул. Мирче Ацев до пресекот со ул. Кочо Рацин.
Поради оваа причина, а за овозможување пристап до делот од ул. Љубен Весов од пресекот со ул. Мирче Ацев до крајот на улицата, во времетраење од три седмици сообраќајот ќе биде пренасочен преку плоштад Којник по ул. Максим Горки и ул. Даме Груев.
Благодариме на разбирањето.