Известување 08.10.2009
Во согласност со годишната програма за работа на РЕ Паркови и зеленило, во тек е првата фаза од големото есенско уредување на градското зеленило. Тоа ќе се одвива во три фази.
Во првата фаза се врши засадување на цветен расад обезеден од страна на локалната самоуправа. Засега се засадени 2.600 парчиња цветен расад од љубичици со кои ќе се разубават јавните градски површини.
Во втората фаза ќе се доврши садењето на цветниот расад.
Во третата фаза ќе се врши озеленување на јавните површини со листопадни и зимзелени садници.
Местата што се опфатени со оваа акција се следните:
– јавна површина кај триаголникот во центар
– јавна површина кај триаголникот пред КЈУБИ
– јавна површина кај споменикот на Алексо Демниевски Бауман
– јавна површина пред Ликовниот салон
– дел од зелена површина во Младинскиот парк
– јавна површина во близина на локалната самоуправа
Есенската акција има за цел хортикултурно да се освежи градот и да се направи поубаво место за живеење. Зелените и цветни површини се неопходни во урбаните средини. За таа цел, апелираме до граѓаните да не ги уништуваат засадените садници со што ќе придонесат за создавање на поздрава и уредена животна средина.