Известување 08.10.2010
ЈКП Дервен известува дека исклучувањето на корисници од водоснабдителната мрежа поради ненаплатени долгови е во тек. Се молат сите корисници кои имаат неплатени сметки во најкус можен рок да си ги подмират долговите, бидејќи во спротивно ќе бидеме принудени истите да ги наплатиме преку приватни судски извршители, што ќе доведе до дополнителни трошоци за граѓаните.
Граѓаните можат да ги плаќаат заостанатите долгови и на рати, по склучување на спогодба со ЈКП Дервен.