Известување 09.01.2009
Согласно законот, за да се закупи продажно место на некој од зелените пазари, пред се потребно е да се поднесе доказ за обезбеден статус на лице кому може да му се издаде продажно место под закуп. Постојат повеќе категории на регистрирани или евидентирани закупци и во зависност од тоа на која категорија припаѓаат, овие лица за да закупат продажно место треба да ги достават следните документи:
– За категоријата ТРГОВЕЦ, потребно е да се достави Уверение или Решение за регистрација на фирма.
– За категоријата ЗАНАЕТЧИЈА, потребно е Уверение за регистриран занаетчија издадено од Здружението на занаетчии на Велес
– За категоријата ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ, потребно е да се достави Потврда за регистриран земјоделски производител издадена од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Велес.
– За категоријата ЛИЦЕ ВО РАБОТЕН ОДНОС КОЕ НЕ Е ВРШИТЕЛ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ, потребно е да се достави Потврда за евидентиран статус во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство + Копија од поседовен лист.
– За категоријата ПЕНЗИОНИРАНО ЛИЦЕ КОЕ НЕ Е ВРШИТЕЛ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ, исто така потребна е Потврда за евидентиран статус во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство + Копија од поседовен лист.
Освен наведените документи, сите категории на закупци треба да понесат и копија од лична карта.
Откако ќе ги достават потребните документи, заинтересираните лица склучуваат Договор со ЈКП Дервен за закуп на продажно место, кој се обновува еднаш годишно, во периодот помеѓу 1-15 Јануари.