Известување 16.06.2009
ЈКП Дервен ги известува граѓаните дека на 18.06.2009 ќе продолжи со работните активности на ул. „Максим Горки“ за реконструкција на водоводна и канализациона инсталација. Во периодот од 18.06.2009 до 10.07.2009 улицата „Максим Горки“, од спојот со ул. „Глигор Прличев“ до плоштадот Којник, ќе биде затворена за сообраќај.
Во овој период сообраќајот ќе биде пренасочен преку ул. „Славе Петков“.
Благодариме за разбирањето.