Известување 17.09.2009
ЈКП Дервен ги известува граѓаните дека предвидена е реконструкција на водоводната линија на дел од ул.”Браќа Капчеви”.
Реконструкцијата ќе започне на 22.09.2009 и ќе заврши на 02.10.2009. Во овој период оваа улица ќе биде затворена за сообраќај и истиот ќе биде пренасочен на ул.”Коле Цветков”.
Безбедноста на сообраќајот ќе се зачува со поставување на потребните сообраќајни знаци.
Благодариме за разбирањето.