ДОМА / Лизгач / Лизгач / Обраќање на Директорот

Обраќање на Директорот

   

Добредојдовте во ЈКП Дервен – Велес

Кога ме прашуваат што ЈКП Дервен претставува, јас им кажувам дека претставува резултат на соработката помеѓу луѓето. Без поддршката од локалната самоуправа и заедницата ние би биле ограничени во тоа што како јавно комунално претпријатие можеме да го постигнеме.

Како јавен сервис за граѓаните наша цел не е заработка на пари за профит на неколкумина. Најголема добивка од нашето постоење имаат токму нашите корисници, и во нивна корист ние се фокусираме на долгорочно стратешко планирање што обезбедува сигурни и квалитетни комунални услуги, сега и во иднина.

Горди сме на нашите лојални и посветени вработени кои ги обезбедуваат комуналните услуги секојдневно, услуги без кои не би можеле да имаме квалитетно живеење. Тоа е должност што ја сфаќаме сериозно.

Различните погледи и мислења се потребни. Ние во ЈКП Дервен ги очекуваме вашите прашања, мислења и конструктивни критики. Наш основен принцип е дека корисникот не само што е важен, туку претставува и причина за нашето постоење.

Веќе повеќе од 50 години имаме чест да бидете корисници на нашите комунални услуги. Ја користам оваа можност во мое и во име на сите вработени во ЈКП Дервен да ви се заблагодарам за покажаната доверба и да посакам успешна соработка и во иднина.

Со почит,

Фиданчо Цековски

Директор

ЈКП Дервен

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *