Connect with us

Вести

Известување 23.12.2010

Во текот на денешниот ден РЕ Водовод и канализација ќе изведе промена на водоводна линија на ул. Тодор Јанев, поради што во периодот од 9:00 до 11:00 часот на дел од оваа улица ќе има прекин во водоснабдувањето.

Освен овие работни активности, РЕ Водовод и канализација денеска ќе работат и на отстранување на поголем дефект на канализациона линија на ул. Маршал Тито (во близина на „Чешелот“), со употреба на машинерија за одзатнување на линијата.

На барање на граѓаните, РЕ Паркови и зеленило ќе започне со кроење и сечење на деградирани и суви дрвја во градот. Активностите ќе започнат во 9:00 часот на ул. Марксова, наспроти главниот влез на ОУ „Васил Главинов“.

РЕ Комунална хигиена, по повод одржувањето на панихида за 108 годишнината од смртта на велешкиот револуционер Миле Поп Јорданов (25.12.2010), денеска ќе работи на чистење на пристапните патишта до црквата Св. Пантелејмон каде ќе се одржи панихидата, како и гробното место на Миле Поп Јорданов, каде ќе се одржи свечена литургија .

Вести

Се обновува фонтаната во Младински парк

Поради значителна оштетеност на фонтаната во Младинскиот парк, а во соработка со Општина Велес, деновиве во тек е изведба на градежни работи за санација на фонтаната, односно обнова на подот, ѕидовите на фонтаната, системот за филтрација на вода и браварски работи. Со ова ќе се обнови фонтаната и ќе се подобри нејзината функционалност. Работните активности се очекува да траат 2-3 седмици.

Continue Reading

Вести

АПЕЛ: Плаќајте сметки за комунални услуги електронски

Поради состојбата со Корона вирусот во државата, ЈКП ДЕРВЕН – Велес ги потсетува сите граѓани дека како наши корисници бесплатно може да ги користат он-лајн услугите за: детална проверка на сметките за потрошена вода и електронско плаќање на доспеаните сметки за комуналните услуги.

За да можат да ги користат услугите потребно е да се најават (регистрираат) во системот на www.e-derven.mk. Плаќањето е без провизија, брзо, сигурно и едноставно on-line плаќање.

На овој начин граѓаните ќе избегнат посета на банки, пошти и наплатни центри.

За подетални информации и забелешки можете да не контактирате на:

 support@jkp-derven.com.mk или на телефон 043/231-011 локал 134

За да можете да го користите системот за е-наплата потребно е да извршите регистрација и тоа со следните податоци:

Continue Reading

Вести

Миење и дезинфекција на јавно-прометните површини во Општина Велес – 19.03.2020 година

Општина Велес и ЈКП „Дервен” денеска продолжуваат со активностите за чистење, миење и дезинфекција на следните јавно-прометни површини во градот:

– Миење и дезинфекција на ул. Живко Фирфов, ул. Славко Ѓоргиев Сватот, ул. Луј Пастер и ул. Индустриска

– Миење и дезинфекција на централните делови на с. Иванковци, с. Сујаклари и с. Мамутчево.

– Миење и дезинфекција на патеките во сите градски паркови  и просторот околу другите јавни зелени површини

– Миење и дезинфекција на плочници и тротоари на повеќе локации во градот

– Миење и дезинфекција на урбаната опрема, детските лулашки, справите за вежбање и автобуските постојки

Continue Reading