30.07.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 30.07.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, мост Гемиџии, Стар мост, Мало мовче со галарија, Петре Прличко, Димитар Влахов, Нада Бутникошарева, уреден простор Народна кујна, Благој Ѓорев (од пошта до касарна), Борис Трајковски, дел од 11 Октомври, паркинг простор кај Основен суд – Велес, паркинг простор кај Саат кула, Градски пазар (горен дел), скалила Борис Карпузов – Шефки Сали, и пешачки патеки кај е. Младост со летниковците.
Освен редовните работни активности, Сектор Паркови денеска работеше на косење на трева и неорганизирано зеленило на влезот од градот во близина на бензиската станица Лукоил, кружниот тек на влезот од градот и на ул. Димитар Влахов. Со помош на смукалка се чистеа патеките во Младинскиот парк, во паркот пред училиштето Васил Главинов и пред гимназијата Кочо Рацин, како и долж ул. Благој Ѓорев. Утрово, вработените од Сектор Паркови отстранија скршена гранка од дрво со Ø 30см во паркот кај Офицерскиот дом.